Издавање на материјал

Формуларот Издавање на материјал се користи за проверка на позициите на материјалот на работниот налог (РН).
Формуларот ги прикажува сите позиции на материјали за РН, нивните општи информации, напредокот во проценти и графички, статусот и количината на веќе издаден и потребен материјал по позиција.
 |
СОВЕТ
Со кликнување на материјална картичка се отвора формуларот Издавање на материјал за пријавување на количините издадени за избраната позиција. За повеќе информации за формуларот, видете го поглавјето Издавање на материјал – MF.
За пример на практична употреба што покажува како да се користат карактеристиките на формуларот Материјали, видете го поглавјето Издавање на материјал - MF во корисничките упатства.
|
За да го отворите формуларот, кликнете на една од РН картичките во списокот на Работни налози. Потоа кликнете на јазичето Издавање на материјал.
 |
ВНИМАНИЕ
Распоредот на копчињата и картичките може малку да се разликува, во зависност од употребениот уред.
|

Подолу е прикажан опис на карактеристиките на формуларот:
Лентата со алатки содржи копчиња и картички за навигација помеѓу формуларите во PANTHEON WT.
За повеќе детали за лентата со алатки, видете го делот 1. Лента со алатки во поглавјето Работен налог – MF.
Заглавието на формуларот го прикажува бројот и поврзаниот идент (готов производ, полупроизвод) на РН.
За повеќе детали за заглавието на формуларот, видете го делот 2. Заглавие од поглавјето Работен налог – MF.
Овој дел од формуларот ги прикажува сите материјални картички и две дополнителни копчиња.
Секоја материјална картичка (прикажано на сликата на почетокот на ова поглавје и детално на сликата подолу) содржи општи информации за позицијата на материјалот.

Слика |
Сликата на идентот од позицијата на материјал ако е додадена во Шифрарникот на иденти. |
Назив |
Името на материјалот или оперативниот елемент од Шифрарникот на иденти. |
# (број на позиција) |
Бројот на позицијата каде што се наоѓа идентот на спецификацијата на РН. |
Лента за напредок |
Графички приказ на напредокот на издавање материјал снимен на дадената позиција на РН. |
Статус (напредок во %) |
Постојат два статуси на позиции:
- Отворено – Статусот покажува дека издаденото количество сè уште не одговара на планираното количество или дека издавањето материјал за оваа позиција сè уште не е завршено.
- Завршено – Статусот покажува дека вкупното планирано количество на материјалот е издадено или дека издавањето материјал за оваа позиција е завршено.
Процентуално е прикажан напредокот на издавање материјали.
|
Примено/Планирано количество |
Пријавеното и планираното количество на издаден материјал и соодветната мерна единица. Прикажан во следниот формат: 7/9, што значи дека се произведени седум од девет планирани парчиња. |
Постојат три дополнителни копчиња на подножјето на формуларот.
(Назад) |
Со кликнување на ова копче, се затвора формуларот со детали за РН и се враќа на формуларот Работен налог MF. |
(Нов материјал) |
Со кликнување на ова копче се отвора Формулар Нов материјал за додавање нови позиции на материјали на работниот налог. |
Прием |
Го отвора формуларот Прием за избраниот РН. Формуларот ви овозможува да примате готови производи во складиштето. |